Информации за колачиња

Нашата веб-страница користи колачиња (cookies).

Колачињата се мали текстуални датотеки, во повеќето случаи букви и бројки, кои се поставуваат и складираат во прелистувачот или на хард дискот на вашиот уред кога посетувате одредена веб-страница, вклучувајќи ја и нашата. Колачињата се делат на следниве видови:

  • Задолжителни колачиња – овие колачиња се неопходни за коректна работа на веб-страницата.

  • Функционални колачиња – тие ви овозможуваат да ја користите целосната функционалност на страницата, да ги гледате видеата на неа, да ни пишувате преку контакт формата, како и да го запомните претпочитаниот јазик на кој ќе се вчитуваат информациите на нашата веб-страница.

  • Аналитички колачиња – благодарение на нив ние ја следиме посетеноста на нашата веб-страница и можеме да анализираме колку лесно нашите корисници работат со неа (на пример, колачиња на Google Analytics). Овие колачиња не ни даваат никакви информации за вашите лични податоци. Тие ни покажуваат кои страници од нашата страница сте ги разгледале, дали сте ја посетиле нашата страница преку мобилен или десктоп уред и други анонимни податоци.

  • Колачиња за прецизно насочување – овие колачиња содржат информации за тоа како сте ја користеле нашата страница и можат да бидат активирани од нашите рекламни партнери. Благодарение на нив нема да ви бидат прикажувани информации кои се нерелевантни за вас. Тоа се динамични колачиња на Facebook, Google и др.

Во зависност од тоа дали е потребна ваша согласност за користење на колачињата, тие се делат на задолжителни и незадолжителни колачиња. Користењето на задолжителните колачиња не бара ваша согласност како корисник. Користењето на незадолжителните колачиња, како што се функционалните, аналитичките и колачињата за прецизно насочување, наведени погоре, бара ваша согласност.

Наши колачиња: Како што веќе ве информиравме погоре, ние користиме наши колачиња за нашата веб-страница да работи поефикасно и да ви биде поудобна и покорисна, вклучително и за да ја обезбедиме нејзината сигурност и заштита од злонамерни напади. Овие колачиња се задолжителни и функционални и без нив нашата страница не би можела да функционира целосно коректно и вие не би можеле да ги користите нејзините целосни функционалности. Колачињата поставени од нас на вашиот уред не ни даваат можност директно да ве идентификуваме или да донесуваме други заклучоци за вас и вашиот идентитет и не предизвикуваат никаква штета на вашиот уред, конкретно не содржат вируси, тројански коњи или друг злонамерен софтвер.

Колачиња на трети страни: Нашата веб-страница им дозволува на трети страни кои го анализираат сообраќајот или обезбедуваат содржина на нашата веб-страница, да поставуваат сопствени колачиња на вашиот уред и да имаат пристап до нив.

Google Analytics Нашата веб-страница ја користи услугата Google Analytics со цел проценка на сообраќајот кон нашата веб-страница и нејзиното користење, при што во оваа насока ве информираме дека Google Analytics не дава никакви информации што лично ве идентификуваат, вклучително и пристап до IP адреси. Google Analytics дава информации во анонимна форма на Google, кој ги користи за да направи проценка на начините на користење на нашата веб-страница и да ни известува за активностите извршени на неа, согласно условите за користење на Google Analytics. Можете да го спречите користењето на колачиња од Google Analytics со преземање и инсталирање на апликацијата Google Analytics Opt-out Browser Add-on. Апликацијата се поврзува со Google Analytics JavaScript наведувајќи дека информациите за посетата на веб-страницата не треба да се испраќаат до Google Analytics.

Google Ads Нашата веб-страница користи Google Ads, услуга за ремаркетинг и насочување обезбедена од Google. Со оваа услуга, нашата рекламна активност се поврзува со рекламната мрежа Google Ads преку „колачиња“. Можете да се откажете од прикажување реклами преку Google Ads од тука.

Повеќе за користењето на колачиња од Google можете да дознаете тука.

Социјални мрежи и социјални додатоци (plugins) Преку нашите страници на социјалните мрежи (Facebook и Instagram) ви нудиме персонална помош и одговараме на вашите прашања, како и можност да ги оценувате нашите производи. Податоците се користат само за одговор на вашето барање и не се препраќаат на трети страни. За да можете да остварите контакт со нас преку социјалните мрежи, мора да имате регистрација на нив. За таа цел, компаниите што стојат зад секоја од нив ги обработуваат вашите лични податоци по потреба, при што ние немаме влијание врз видот, обемот и обработката на тие податоци.

Информации за Facebook и нејзината политика за заштита на личните податоци можете да прочитате тука.

Информации за Instagram и нејзината политика за заштита на личните податоци можете да прочитате тука.

Facebook Conversion Pixel и Facebook Remarketing Преку Facebook Conversion Pixel ние и Facebook дознаваме дека некој кликнал на нашата Facebook реклама и бил пренасочен кон нашата интернет страница. Ние не можеме, сепак, да видиме кои други интернет страници сте ги вчитале. Информациите собрани со помош на Facebook Conversion Pixel се наменети за изработка на анонимни статистики за успешноста и користењето на нашите реклами на Facebook. Ние не собираме и не добиваме информации преку Facebook Conversion Pixel кои би ни овозможиле корисниците да бидат персонално идентификувани од наша страна. Со технологијата Facebook Remarketing, кон корисниците на Facebook може да биде насочено целно рекламирање, но ние не собираме податоци и не следиме на кои корисници на Facebook навистина им се прикажуваат целните реклами. И тука немаме можност за идентификување на поединечни корисници. За повеќе информации во врска со целите и обемот на собирањето и обработката на вашите лични податоци од страна на Facebook, како и за можностите за поставки со цел заштита на вашата приватност на Facebook, ве молиме направете проверка тука.

Сакаме да нагласиме дека користењето колачиња од трети страни е предмет на нивните сопствени политики за приватност и ние немаме пристап до информациите што ги чуваат овие трети страни за вас.

Нашиот банер за колачиња ви овозможува да ги одбиете или прифатите колачињата што бараат согласност. Можете исто така да ги блокирате и избришете колачињата со промена на поставките на вашиот прелистувач. Иако повеќето прелистувачи се стандардно поставени автоматски да ги прифаќаат колачињата, можете да ги контролирате, вклучително да ги блокирате и/или избришете колачињата кога сакате преку поставките на вашиот прелистувач. Повеќето често користени современи прелистувачи во менито „претпочитани опции“ (preferences/options) ви овозможуваат да ги менувате нивните поставки во однос на колачињата. Повеќе информации за поставување на некои од најкористените прелистувачи во однос на колачињата можете да најдете на следниве линкови:

За повеќе информации во врска со колачињата и како да управувате со нив и да ги избришете, ве молиме посетете ја страницата www.aboutcookies.org.

Со користење на нашата веб-страница без промена на поставките на вашиот прелистувач, вие се согласувате со користењето на колачиња од нашата веб-страница. Ве молиме, имајте предвид дека ако изберете опција да ги избришете или блокирате колачињата, многу страници, вклучувајќи ја и нашата веб-страница, нема да работат оптимално или може да престанат да функционираат.